Интервју со Аргтим Нагавци, независен маркетер на позиција претседател – Кариерно Ниво 8 во Lyconet
Последиците од финансиската криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот ги чувствуваме сите. Се затвораат бизниси, работници остануваат без работа, на многумина им се намалуваат платите, а бројката на сиромашни се очекува дополнително да се зголемува во периодот кој следи.
Lyconet (Лајконет) е една од ретките компании во државата кои успеваат вешто да се справат со новонастанатата состојба, да се прилагодат на новите услови на работа, но и да продолжат да бележат успеси во работата.
За мрежниот маркетинг, кој е во основата на оваа компанија, за справувањето со корона-кризата, идните планови на Lyconet и можностите кои ги нуди компанијата во овие исклучително тешки моменти зборувавме со Аргтим Нагавци, кој е независен маркетер на позицијата Претседател – Кариерно Ниво 8 во Lyconet.
Аргтим е од Скопје и потекнува од традиционално, занаетчиско семејство, од кое ги стекнал високите работни и претприемнички вештини, законитостите од пазарната економија, но и повеќе од тоа: социолошкиот аспект на еснафот. Целиот свој работен век, сè до 2012 год, раководел со семејниот бизнис, кој во меѓувреме прераснал во производствен погон. Меѓутоа, во трката за успех му недостигало време за семејството и за себе. Вели дека интелектуално назадувал затоа што немал време за читање, а новите светски трендови неприменливо го одминувале. Длабоко во него се појавила потреба за промена и пресврт и после една семејна консултација се случи одлука за промена.
Во 2012 година, токму во периодот кога бил отворен и подготвен за нови предизвици, се запознал со Lyconet и оттогаш па сè до денес, сè друго освен неговото семејство и Lyconet се „Ad acta”. За осум години, со огромна помош од неговите сопруга и ќерка, се случил драматичен раст и успех во секој поглед, а за зацртаните планови за следните три до пет години вели дека е приказна која доправа ќе се пишува.
Г-ин Нагавци, Lyconet e добро познат во нашата држава, но кажете ни нешто повеќе за мрежниот маркетинг како дејност кој е во основата на вашиот бизнис како независен маркетер во Lyconet платформата?
Ако судиме по тоа што го кажуваат светските експерти во нивни области, економските двигатели, како: Роберт Киосаки, Брајан Трејси, Боб Проктор, Лес Браун, Тони Робинс, Ерик Вори, Ричард Бренсон, Манфред Винтерхелер, а и ред други големи умови на денешницата, констатираме дека XXI-от век, е век на голем подем на мрежниот маркетинг, индустрија која според сите актуелни економски статистички податоци, денес бележи најголем бруто пораст споредбено со било која друга индустрија во светот. Поради тоа што во наредните десет години се очекува голем подем на оваа дејност. Доколку луѓето имаат избор следните десет години да работат класична работа или да се занимаваат со мрежен маркетинг, резултатот на работа во мрежниот маркетинг би бил неспоредливо многукратно подобар.
Врз основа на моето досегашно искуство во работата, сакам да напоменам дека и покрај многу факти во полза на мрежниот маркетинг, кај многумина во светот, а и кај нас, за жал владее сосема погрешна перцепција за суштината на оваа прекрасна дејност, поточно, одредена категорија на луѓе имаат неосновани мислења, предрасуди и стереотипи кон мрежниот маркетинг. Наспроти оваа перцепција, реалната слика за мрежниот маркетинг сепак е сосема обратна, сето тоа што како недостатоци му се препишуваат на мрежниот маркетинг всушност се однесуваат на другиот т.н. класичен бизнис. Класичниот корпоративен систем, со мали исклучоци, има поставена шема, каде што ако работниците сакаат да се искачат низ скалилото на успехот, речиси немаат никаква шанса или можеби на десетина илјади, еден-двајца ќе успеат. Од друга страна, ако внимателно погледнете во суштината на мрежниот маркетинг, ќе видите дека тука се случува обратното. Секој почнува од дното и помагајќи им на другите да напредуваат низ скалилото на успехот, успева и самиот тој. Всушност, се работи за еден процес на работна школа и едукација која во динамика создава успешни претприемачи.
Индикатор кој ни покажува дека нешто не е во ред со денешниот корпоративен свет, е податокот дека до 1900 година, од вкупното светско население, 90% од жителите на светот работеле за себе, а само 10% за други. Денес е обратното, само 10% од светското население работи за себе, додека останатите 90% работат за други. Ова е ужасен факт не само од гол економски аспект, туку допира и во битието на човекот.
Имено, човекот освен социјално, истовремено е и економско битие со вроден код да економизира со животните предизвици, код на слободоумен претприемач кој е роден да остварува. Вие не можете на таквото битие, кое е предодредено да успее, туку-така да му наметнете систем на хиерархиски бариери за развој. Денешниот човек кој работи за плата, несвесно го продава своето време и слобода за пари, се согласува на доброволно ропство, сосема спротивно на неговата биолошка природа. Консеквентно констатирам дека суштината на мрежниот маркетинг како индустрија, му ја дава на човекот можноста да му се врати на своето економско-претприемачко битие, на слободниот негов дух и креира додадени вредности за себе и целокупното општество. Затоа Роберт Киосаки со право заклучува дека мрежниот маркетинг има потенцијал да го спаси светот поради тоа што ги учи луѓето да бидат претприемачи, а не да бидат вработени. Кога Киосаки ја дал оваа изјава, во хоризонтот се појавува една компанија која е на прав пат да ги оствари предвидувањата на големиот автор, тоа е Lyconet!
Lyconet, којшто е маркетинг платформа за светската компанија myWorld, како и за Cashback World лојалната програма, според мене од ден на ден станува една од најдобрите компании во светот на мрежниот маркетинг. Ова се должи на единственоста на оваа платформа по неколку основи:
- Платформата ги обединува трговците и потрошувачите на Cashback World во полза на обостран интерес. Трговецот добива лојален потрошувач без додатни трошоци за скапи реклами, а лојалниот потрошувач добива трговец, кој е подготвен после остварениот промет, дел од парите да ги врати на истиот лојален потрошувач. Оваа допира во суштината на тоа што луѓето во целиот свет секојдневно го прават, а тоа е шопингот.
- На Lyconet маркетерите, како што сум јас, им се нуди уникатна можност да ПОСРЕДУВААТ, односно да заработуваат при овој процес. Lyconet, за разлика од сите други компании во индустријата на мрежниот маркетинг, ви овозможува да заработите од секој производ и услуга што постои во светот. Таа е единствената платформа во светот која на своите маркетери им овозможува неограничено да заработуваат од целокупната светска потрошувачка. Овие заработки на маркетерот потекнуваат од целокупниот остварен ПРОМЕТ кај трговските партнери, како и од продажба на Lyconet производи. Ова е навистина многу голема работа.
Lyconet маркетерот е независен претприемач во платформа која е крајно објективна. Тука секој може да дојде до израз, сам со својот труд и способност. Дополнително, при процесот на работа во Lyconet, се случуваат неколку појави: учејќи од најдобрите, маркетерите РАСТАТ многу како личности, имаат можност да заработуваат многу, и помагајќи им на другите да го постигнат истото, допринесуваат општествено, локално и глобално – го МЕНУВААТ светот.
Затоа јас сум опседнат со оваа дејност, и заедно, неуморно работејќи и споделувајќи ја идејата со сите, стануваме силна заедница за почит.
Со голема компетентност можам да кажам, и во ова сум непоколебливо сигурен дека, ова е еден од најперспективните бизниси во светот, и токму затоа, благодарение на оваа компанија, се случува револуција во секторот мрежен маркетинг.
Поради пандемијата на коронавирус, 2020 е исклучително тешка година за целиот бизнис сектор на глобално ниво. Со какви потешкотии во работењето се справувате вие како независен маркетер во Lyconet, од почетокот на корона-кризата досега?
Lyconet платформата пред сè е online бизнис, кој во моментов е распространет во 49 држави на 5 континенти, со тенденција на проширување во уште повеќе држави во светот. Lyconet ги следи сите глобални текови на технолошкиот развој во сите сектори, дури во некои е и предводник. Вие знаете дека денес online shopping-от е голем тренд во подем во светот, а ние сме всушност тоа, инкорпорирани директно во шопинг во глобални рамки. Благодарение на целиот систем на информатичко-технолошки алатки со кои располагаме како платформа, а истовремено користејќи ги и другите алатки коишто постојат денес, ние сме компатибилни со било кој предизвик. Прво, шопингот никогаш нема да престане, второ, истиот динамично се движи кон дигитално купување, трето, нашата задача е да споделиме информација, четврто, сето ова можеме да го раководиме дигитално од дома. Се работи за модерен бизнис кој може да се работи и од дома!
Актуелната состојба во светот не влијаеше на развојот на мојот личен бизнис, напротив, овој предизвик со Корона-кризата ни ја разјасни големината и силата на online аспектот на платформата. Ова беше еден вид А-тест за да се потврди, и се уверивме во ова. Иако на почетокот на кризата некои од моите колеги маркетери беа малку збунети, брзо се прилагодија на новите услови. Сите сфативме дека треба многу повеќе да ги искористиме дигиталните можности и ресурси за полесно поврзување со светот. Од друга страна, токму кризниот период на секој Lyconet маркетер од мојот тим му отвори уште една дополнителна можност. Со оглед на фактот дека луѓето од целиот свет претежно се дома, располагаат со повеќе време, се поотворени кон нови информации и знаења, ние маркетерите полесно стапуваме во контакт со нив. Истите тие луѓе пред кризата, во недостиг на време, преокупирани со динамиката на животот, не беа отворени да слушаат и дознаат за оваа прекрасна можност за нив.
Дополнително, токму оваа криза која го погоди целиот бизнис сектор во светот, освести многу луѓе дека треба сериозно да размислуваат за својата иднина, дека светот се менува, дека работните места не им се постојани и сигурни, дека треба да ги следат новите светски трендови. Дел од нив дознаа за Lyconet и веднаш тргнаа во акција. Сметам дека независно од тоа дали кризата ќе потрае или не, Lyconet е шанса која не смее да се пропушти.
Кои мерки се преземаат од страна на раководството на компанијата за да ви ја олесни вашата работа?
Раководството на компанијата овие месеци на кризата ги искористи за унапредување на платформата по неколку основи. Прво, се отворија нови бесплатни канали за online едукативна поддршка на мрежата. Меѓу другото, имавме привилегирана можност да учиме од најголемите автори и умови на денешницата кои многу придонесуваат во бизнис секторот и мрежниот маркетинг. Тие во континуитет директно ни се обраќаат со корисни насоки, пораки и стратегии за работа. Ова, верувајте ми, нема цена. Второ, компанијата веќе објави податок од 30% раст на online шопингот. Трето, за отприлика три до четири недели, компанијата ќе доживее револуционерна промена, која директно ќе се одрази на зголемување на предностите на потрошувачите и трговците. Според информациите со кои во моментот располагам, оваа промена ќе значи и револуција во генералната логика на шопингот воопшто. Следствено на оваа, се очекува и зголемување во заработките на секој активен маркетер.
Заклучокот е дека нашата компанијата наспроти актуелниот светски негативен тренд, периодов е фокусирана на раст и развој, и наместо да „санира штети“, бележи успеси, и тоа токму во времето кога светот доживува две кризи воедно, здравствена и економска.
По ваше видување кои се перспективите кои ги има Lyconet за „новото нормално“. Кои се вашите идни планови за вршење на маркетинг дејноста во новите услови?
Lyconet како компанија е секогаш во чекор со времето. Ова го докажа и сега, очигледно е дека со појавата на новонастанатата ситуација, се докажа дека корпорацијата брзо и ефикасно е прилагодлива во нови непознати предизвици, таа се престрои и сеуште расте. Ова ново искуство е доволен аргумент за да знаеме дека челниците на компанијата веќе ја имаат визијата за иднината и перспективата, и се потполно подготвени „новото нормално“ да го одбележат со уште поголем раст, но притоа секогаш подготвени и за евентуалното „ново ненормално“.
Новите услови отворија нови перспективи, но истовремено и нови предизвици за секој маркетер. Мојот предизвик се состои во перманентно ново учење на работи каде што сум помалку вешт, а истовремено усовршување во работи каде што сум само добар. Мојот досегашен успех се должи исклучиво на инвестирањето во себе, во мојот личен раст и развој. Учењето е бесконечно, спиралата на раст е бесконечна, никогаш не престанува, со тоа и успехот е исто бесконечен. Моите планови и цели се во потполна хармонија со овие постулати. Силно верувам дека во еден краткорочен период од четири до пет години, благодарение на платформата Lyconet, приказната за успехот на нејзините независни маркетери ќе биде најголемиот колективен успех во Македонија. Ова е мое лично видување!
Можеме да заклучиме дека Lyconet добро се справува со предизвиците кои ги носи новата состојба. Кои можности ги нуди компанијата за сите оние кои западнале во подлабока финансиска криза или изгубиле работа како резултат на бранот отпуштања поради коронавирусот?
Дел од одговорот на ова прашање веќе го одговорив. Оваа компанија и нејзината платформа е корисна за сите категории на луѓе. Таа е како „Шведска маса“, за секого нуди се што ќе посака, бираме сè што ни се допаѓа. Таа е корисна за тие кои се вработени, кои имаат некоја работа и сакаат само дополнителен приход, но истотака е идеална за сите оние кои бараат многу повеќе- неограничени бизнис можности се до потполна финансиска независност.