ВИДЕО: Oваа паметна алка предупредува да не си го допирате лицето

- Advertisement -

Дали знаете дека во просек секој час си го допираме лицето по 23 пати. Во време на пандемијата на корона вирусот, тоа и не е толку паметна навика. Со оглед на тоа дека мора да одржуваме уште подобра лична хигиена од претходно, добро би ни дошле уреди кои ни помагаат во тоа.

Оваа паметна алка ве предупредува секој пат кога ќе тргнете да го допрете лицето. Таа почнува да вибрира секогаш кога ќе ја принесете раката блиску до лицето.

- Advertisement -

Алката може да биде персонализирана за движењата на секој корисник. Таа го следи секој ваш допир на лицето и го меморира со цел да го следи вашиот напредок во одвикнувањето од таа навика. Смртоносниот корона вирус може лесно да навлезе во организмот преку очите и устата.

Пред пандемијата на КОВИД-19 компанијата која е креатор на оваа алка, Slightly Robot, правеше алки со цел да помогне во искоренување на други штетни навики како грицкањето нокти, но кога пристигна пандемијата во седиштето во Сиетл ја пренаменија алката за новата намена.

- Advertisement -

Илјадници луѓе веќе ја имаат нарачано алката откако почна да се продава во март годинава, а може да биде доставена до целиот свет.

This wristband buzzes to stop you from touching your face

We touch our faces 23 times an hour on average. 📕 Read more: https://bit.ly/3dXh7hd

Posted by World Economic Forum on Петок, 19 јуни 2020

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Slightly Robot)

Сподели!
- Advertisement -