Научници пресметаа дека во нашата галаксија може да има 36 интелигентни цивилизации

- Advertisement -

Планетата Земја досега се покажа единственo погодна за живот, но тоа не води до прашањето дали нашата планета е единствената на која има живот? Научниците пресметаа дека во нашата галаксија Млечен пат може да има најмалку 36 активни, интелигентни цивилизации. Меѓутоа, со оглед на времето и оддалеченоста, никогаш не можеме да бидеме сигурни дали тие цивилизации навистина постојат.

Истражувањето го спроведоа научници од Универзитетот Нотингем, а е објавено во списанието The Astrophysical Journal. Претходните пресметки се базирани на Дрејковата равенка, која во 1961 година ја напиша астрономот и астрофизичар Френк Дрејк.

- Advertisement -

„Клучната разлика меѓу нашата пресметка и претходните базирани на Дрејковата равенка е во тоа што даваме многу едноставни претпоставки за тоа како се развивал животот. Една од нив е дека животот се формира на научен начин, односно во вистински услови“ вели професорот Кристофер Конселајс, коавтор на студијата.

Научниците го развија она што го нарекуваат астробиолошко Коперниково правило. Нивната равенка ја вклучува историјата на формирање на ѕвездите во нашата галаксија и староста на ѕвездите, металната содржина на ѕвездите и веројатноста дека ѕвездите ќе орбититраат околу планетите слични на Земјата каде што би можел да се формира живот.

- Advertisement -

Врз база на нивните пресметки, утврдиле дека постојат 36 активни и интелигентни цивилизации ширум нашата галаксија. Нивните претпоставки се дека животот се формира на ист начин како на Земјата. Исто така, се претпоставува дека содржината на метали во ѕвездите околу кои орбитираат овие планети е еднаква на содржината на метали во нашето Сонце.

(Klix)

- Advertisement -

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -