Одзивот на хотелиерите и на останатите туристички субјекти во Црна Гора на акцијата „Летувај дома“ (“Ljetuj doma”) е над сите очекувања. Хотелиерите одлично ја разбраа моменталната ситуација и во неа гледаат еден од моделите да пополнат барем дел од сместувачките капацитети сезонава.
Акцијата е исклучително прифатена од Црногорците и многумина од нив летово со помош на оваа акција ќе посетат некој од хотелите на море или локации на северот од државата, а не биле во можност да ги посетат досега.
Како што велат од агенцијата Infinity Marketing, кој а ја организираше акцијата, одзивот на хотелитерите на акцијата е толку добар што некои од нив понудиле попуст на услугите од дури 70%. Од агенцијата додаваат дека се посветени и на промена на свеста на граѓаните кога се во прашање екологијата и зачувувањето на природната средина.
Токму од таа причина почнале и со низа други акции како што е делење торби направени од разградливи материјали и се трудат промотивните материјали кои ги прават да бидат од еколошки прифатливи материјали.
На идејата „Летувај дома“ дошле во време на карантинот поради корона вирусот размислувајќи за последиците кои би можела да ги остави пандемијата врз економијата на Црна Гора, а посебно на најбитниот сегмент – туризмот.
(Bizlife)
(фото: Freepik)