Ова ранче ја штити главата на вашето бебе во случај на пад

- Advertisement -

Тие што се родители и имаат мали деца знаат колку е битно да се следи секој чекор што го прават децата. Многумина се плашат дека нивното дете може да се сопне и да падне, како и дека наместо на мекиот тепих, ќе падне на некој остар ќош од мебелот.

Доколку и вие сте загрижени дека вашето бебе може да се повреди додека се обидува да ползи или да оди, ова плишано ранче е идеално решение за вас. Направено е од памук и полиестер и дизајнирано да ја држи главата на бебето и неговиот грб во случај на пад.

- Advertisement -

Ранчето се прицврстува за бебето со ремен кој се прилагодува и прилично е удобно дури и за најмалите бебиња. Неговата тежина е од 100 до 200 грама, што значи дека бебето нема ни да почувствува дека го носи на себе. Можете да избирате од различни форми како што се пчела, панда, зајак, прасе, куче, був итн.

Ранчињата се предвидени за деца на возраст од 3 месеци до 3 години. Цената се движи од 4 до 13 долари, а може да се најдат на повеќе онлајн-продавници, меѓу кои Amazon и Ebay.

- Advertisement -

(Djeciji Svijet, Bored Panda)

(фото: Ebay)

Сподели!
- Advertisement -