Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад.
„ЈП депонија Дрисла-Скопје“ набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка „ЦИСА“, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет.
– Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето, се вели во соопштението.
Новиот стерилизатор е со капацитет од 2.000 литри и може за еден час да третира 350 кг отпад што ќе ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер кој го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што ќе придонесе за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.
Извор – Стопанска Комора на Македонија