Huawei се искачи за 42 места и е на шесто место на листата на BCG на најиновативни компании

- Advertisement -

Huawei напорно работи на развивање и збогатување на своето портфолио на уреди, односно: паметни телефони, преносни уреди, паметни уреди за домот, “Интернет на нештата” и телекомуникациска инфраструктура, додека го проширува својот екосистем и ја консолидира HUAWEI AppGallery како отворена иновативна платформа за дистрибуција на апликации. Иновативниот пристап, адаптацијата во секое сценарио и растот на технолошкиот бренд го заслужи шестото место на престижниот ранг на најиновативните компании.

Бостонската консултантска групација (Boston Consulting Group – BCG) истражува и избира 50 компании кои се достоен пример во областа на иновациите. Престижното рангирање на The Most Innovative Companies 2020: The Serial Innovation Imperative на BCG се фокусира на добри стратегии за постигнување и надминување на поставените цели на долг рок.

- Advertisement -

Во 2014 година, Huawei го зазеде 50-то место, а со долга и напорна работа кон иновативни решенија за подобро потрошувачко искуство, се придвижи на ранг-листата на 46-то место во 2015 година и 48-мо во 2019 година. Оваа година компанијата направи огромен скок со 42 места на ранг-листата и стигна до импресивната шеста позиција.

Huawei го развива својот екосистем на интерактивни уреди во истиот интерфејс. Стратегијата “1 + 8 + N” му овозможува на корисникот широк спектар на услуги и искуства. Huawei се потпира на целосниот потенцијал на технолошките иновации за да ја однесе индустријата напред, во две клучни области – мобилни уреди и cloud услуги. Брендот соработува со најдобрите светски компании за развој на апликации за да создаде побогато портфолио на квалитетни апликации. Исто така, постојано регрутира глобални развивачи да работат заедно за проширување на екосистемот и квалитетната содржина во AppGallery. Така, Huawei им нуди интелигентно искуство на своите корисници ширум светот.

Сподели!
- Advertisement -