Хрватскиот град Света Недела меѓу првите во светот воведе плаќање на комуналии со криптовалути

- Advertisement -

Хрватскиот град Света Недела воведува услуга на процесирање на криптовалути при плаќање на јавните услуги. Тоа значи дека граѓаните освен со куни, своите сметки кон Градот ќе можат да ги плаќаат во криптовалути како што е биткоин.

„Нашата визија е да бидеме град за паметно работење и удобен живот, да држиме чекор со времето, а често сакаме да бидеме и предводници на промени. Мило ни е што сме меѓу првите градови во светот кои воведуваат ваков начин на плаќање. Во Света Недела постојат компании кои користат криптовалути, како што е Greyp Bikes на Мате Римац, која на тој начин ќе може да ги плаќа комуналните сметки. Со воведување на вакви услуги испраќаме порака дека сме насочени кон иднината и спремни сме да го диктираме темпото на промените“ изјави градоначалникот на Света Недела, Дарио Зуровец.

- Advertisement -

Света Недела потпиша договор со компанијата Electrocoin, која ќе ги процесира криптовалутите при плаќањето на јавните услуги на градот. Тоа значи дека ќе ги претвора криптовалутите во куни во моментот на вршење на услугата, а ќе го прави тоа преку платформата за процесирање на плаќање во криптовалути PayCek.

„Ова можеби не е потреба на сите жители на Света Недела, но е показател за визијата на градот. Ваквиот начин на плаќање го користат уште две држави во САД, два града во Канада и еден во Швајцарија, така што градот Света Недела е еден од пионерите на промените“ вели директорот на Electrocoin, Никола Шкориќ.

- Advertisement -

Самиот процес на плаќање ќе трае десетина секунди.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Сајт на градот Света Недела)

Сподели!
- Advertisement -