Откако Грција конечно ги отвори плажите после неколкумесечниот карантин, плажата Авлаки во Порто Рафти во близина на Атина повторно ќе биде затворена на 15 дена откако инспекција откри дека на плажата имало повеќе луѓе отколку што е дозволено на градска плажа.
Почнувајќи од вчера туризмот во Грција повторно се отвора за интернатионалните туристи, кои ќе може да пристигнуваат на сите аеродроми во земјата. Плажата Авлаки е една од најпосетените дестинации во регионот Атика. Според Athens Voice, плажата ќе биде затворена 15 дена, а општината е казнета со 7.000 евра.
Три барови на плажата исто така се затворени на 15 дена и секој од нив е казнт со по 5.000 евра затоа што било откриено дека не ги почитуваат правилата за безбедно растојание меѓу чадорите. Уште еден ресторан во таа област исто така е затворен и казнет со 10.000 евра затоа што служеле многу повеќе луѓе отколку што било дозволено на квадратен метар.
Грција минатиот месец се најде на второ место во светот во конкуренција за наградата Blue Flag за квалитетот на плажите, пристаништата и одржливите туристички бродови. Со 497 наградени плажи, 14 пристаништа и 6 одржливи туристички бродови, Грција се најде на второт место, веднаш зад Шпанија, во конкуренција на 47 земји. Годинава 13% од вкупно наградените плажи се во Грција.
(Greek City Times)
(фото: Pxhere)