Поради карантинот и недостигот од кондоми Филипините ќе имаат над 200.000 нови бебиња

- Advertisement -

Недостигот од кондоми и контрацептивни таблети за време на карантините поради корона вирусот на Филипините придонесоа за вистински бум на бебиња. Поради строгиот карантин на Филипините беше ограничен пристапот до услугите за планирање на семејство и тоа може да резултира со најголемиот пораст на наталитетот во земјата во последните две децении.

Рестрикциите на движење кои беа воведени во март годинава ги спречија пациентите и медицинскиот персонал да дојдат во клиниките со месеци, а сега се јавува недостиг од кондоми и други средства за контрацепција во некои региони. Од Организацијата за планирање на семејството на Филипините велат дека иако продолжиле да работат во текот на карантинот, тоа не било во нормални услови. Владините установи официјални исто така биле отворени, но во реалноста нивните услуги биле недостапни.

- Advertisement -

Оваа претежно католичка земја имаше 35.400 случаи на корона вирусот, а 1.244 случаи беа фатални. Иако карантинските мерки се олабавени, јавниот транспорт не е вратен во нормала, а некои установи за планирање семејство се отворени, но без клучниот персонал, со цел да се овозможи социјално дистанцирање. Исто така, се уште има недостиг на кондоми и други контрацептивни средства.

Се проценува дека бројот на жени кои немале пристап до тие установи во текот на карантинот се зголемил за една петтина, на 3.688.000. Според проекциите на Институтот за популација на Државниот универзитет, дополнителни 214.000 бебиња ќе се родат идната година како резултат на непланирана бременост во оваа доба на пандемија.

- Advertisement -

(The Guardian)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -