Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,53 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.07.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.
Од 14.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 61,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,585 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување: кај бензинот 3,81%, кај дизелот 3,84%, кај екстра лесното масло 3,33% и кај мазутот 4,37% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,507%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.07.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 06.07.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,869 | 0,998 |
Австрија | 1,017 | 1,046 |
Бугарија | 0,903 | 0,887 |
Хрватска | 1,150 | 1,207 |
Германија | 1,093 | 1,289 |
Грција | 1,150 | 1,425 |
Италија | 1,288 | 1,400 |
Унгарија | 1,078 | 1,042 |
Словенија | 1,003 | 1,004 |