Црна Гора подарува државјанство на странците што ќе купат стан таму

- Advertisement -

Компанијата Adriatic Marinas од Тиват на пазарот го претстави комплексот Boka Place, нов дел од луксузната тиватска наутичко-туристичка населба Porto Montenegro, а странците со купување на стан или деловен простор таму на подарок ќе добијат црногорско државјанство.

Изградбата на комплексот ќе почне на крајот на годинава, а цената на становите се движи од 190.000 до 347.000 евра, додека цените за трисобните пентхаус луксузни апартмани не се објавени во брошурата и може да ги дознаат само заинтересираните клиенти.

- Advertisement -

Минималната инвестиција за добивање црногорско државјанство е 450.000 евра. Според весникот Vijesti, станува збор за доделување државјанство со цел реализација на програма за инвестирање од посебно значење за стопанството и за економијата на Црна Гора. Тоа меѓу странските инвеститори во Црна Гора е познато како CBI (Citizenship by Investment).

Можност за купување недвижност во Црна Гора имаат сите странци кои исполнуваат однапред дефинирана обврска кон државата. На понуда моментално се 144 станбени единици.

- Advertisement -

(Bizlife, Vijesti)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -