Оваа апликација ги воодушеви младите, а за време на пандемијата со коронавирусот и карантинот на многумина им беше главен извор на забава.
Меѓутоа, според податоците на аналитичарите од компанијата „Sensor Tower“, во периодот од 1 април до 30 мај, местото најпопуларна апликација го презема апликацијата за видеоконференции Zoom.
Zoom има 94 милиони преземања, додека Тик Ток е преземен 71 милиони пати. Аналитичарите истакнуваат дека тоа е исклучителен успех затоа што е реткост таква „сериозна“ апликација да надмине повеќе од 50 милиони преземања. Обично таквите импресивни бројќи се резервирани за видео игри или социјални мрежи.
Доколку се спојат преземањата од двете најпопуларни продавници за апликации- App Store и Google Play Store“, тогаш гледаме дека Зум, Тик Ток и видео играта Покемон Гоу се преземени повеќе од 300 милиони пати во еден квартал