Канадски научници предупредуваат дека поларните мечки наскоро може да бидат истребени

- Advertisement -

Поларните мечки наскоро би можеле да изчезнат. Според нивното истражување, до 2100 година мечките може да ги снема ако луѓето не преземат поголеми мерки во борбата против климатските промени.

Научниците тврдат дека некои популации на поларни мечки веќе се на граница на изумирање затоа што се топи арткичкиот лед од кој што тие животни зависат за лов на фоки.

- Advertisement -

Поради топењето на ледот поларните мечки се приморани да поминуваат поголеми растојанија или да доаѓаат до бреговите, но таму не наоѓаат други извори на храна и така не можат да го прехранат своето потомство.

Мечките станаа симбол на климатските промени, вели Питер Молнат од канадскиот Универзитет на Торонто. „Поларните мечки веќе се на врвот на светот. Ако ледот се повлече, нема да има каде да одат“ предупредува Молнар.

- Advertisement -

Меѓународната унија за зачувување на природата ги смести поларните мечки меѓу ранливите животински видови, односно оние кои се под висок ризик да изумрат во природата.

Црвената листа на таа меѓунаордна организација се состои од седум категории со кои се проценува загрозеноста на некој животински вид. После статусот загрозени следуваат критично загрозени, видови кои изумреле во дивината и изумрени видови.

- Advertisement -

(Sky News, Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -