MOН ја објави листата со даватели на обуки за дигитални вештини за млади до 29 години

- Advertisement -

Министерството за образование и наука ја објави листата на даватели на обуки за дигитални вештини за млади до 29 години. Идејата на оваа Уредба со законска сила е да ја подобри конкурентноста на младите на пазарот на трудот за време на вонредна состојба.

Средствата за нејзино спроведување се обезбедени од државниот буџет преку Програмата на МОН за мерки за справување со Ковид-19 кризата и вкупно изнесуваат 150 милиони денари.

- Advertisement -

Право на користење на овие ваучери се млади лица, кои се државјани на Северна Македонија, имаат завршено најмалку средно образование, а не се постари од 29 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.

Висината на средствата кои ги исплаќа МОН за обуките изнесува до 50% од вкупниот износ на обуката за дигитални вештини, но не повеќе од 30.000 денари по корисник на ваучер. Еден корисник може да добие само еден ваучер.

- Advertisement -

Оние млади што сакаат да поднесат барање за ваучер треба да направат профил на Националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk и да прикачат скениран примерок од дипломата за завршено образование.

„Доколку младото лице нема кориснички профил на Порталот, поднесува барање во форма на електронска порака за отварање на кориснички профил на Порталот до електронската адреса: obuki@uslugi.gov.mk, со која управува Министерството за информатичко општество и администрација. Младото лице е должно во прилог кон барањето од ставот 3 на овој член, да достави скенирана лична карта или патна исправа и мобилен телефонски број за контакт“, стои во објавата во Службен весник.

- Advertisement -

Доколку за некоја од обуките има поголем интерес од пријавениот број на учесници – корисници на ваучери за обуки за дигитални вештини кај еден ист давател на обуки за дигитални вештини, предност ќе имаат првопријавените кандидати.

„Корисниците на ваучери за обуки за дигитални вештини можат да ги искористат издадените ваучери во период од 15 август 2020 година до 15 декември 2020 , кај давателот на обуки за дигитални вештини. “, стои во Уредбата.

Сподели!
- Advertisement -