Според новата листа на Forbes со највредните светски марки, вредноста на брендот Netflix порасна во текот на една година за 72% на 26,7 милијарди долари и изби на првото место на листата. Меѓу првите пет брендови на листата се и Microsoft (162,9 милијарди долари), Amazon (135,4 милијарди долари) и Facebook (70,3 милијарди долари).
Листата со првите десет ја сочинуваат и: Coca-Cola, Disney, Samsung, Louis Vuitton и McDonald’s. Минатата година во првите десет на листата беше и Toyota, меѓутоа годинава изгуби 7% од вредноста и се најде на 11. место. Louis Vuitton, кој претходно никогаш не бил меѓу првите десет најскапи брендови во светот, поскапе за 20% и го зазеде деветтото место.
Меѓу првите десет марки според вредноста само Facebook и Samsung изгубија 21%, односно 5%, додека останатите марки поскапеа. Значајна вредност на бреднот остварија и Chanel (42%), Amazon (40%), Microsoft (30%) и Paypal (24%).
Вкупната вредност на 100 најскапи марки во светот е 2,54 трилиони долари. Повеќе од 50 од нив припаѓаат на американски компании, 10 се од Германија, 9 се од Франција, од Јапонија се 6, а од Швајцарија се 5. На листата најзастапени се технолошките компании (20), а 14 марки се од секторот финансиски услуги, од автомобилскиот сектор, а 8 од секторот продажба.
(Bizlife, Forbes)
(фото: Forbes)