Чудо од дете од Белгија ќе дипломира на 9-годишна возраст, следната година оди на докторат

- Advertisement -

Чудо од дете од Белгија на само 9 години студира електротехника и во декември годинава планира да дипломира на Технолошкиот универзитет Ајндховен, на студиите на кои се запишал минатата година. Потоа Лорент Симонс планира да запише докторски студии по електротехника, а истовремено ќе студира и медицина.

Неговиот татко Александар вели дека талентот на Лорент најпрвин го забележале баба му и дедо му, а родителите сметале дека претеруваат, но набрзо истото им го рекле и учителите на Лорент. Тој поминал секакви тестирања во потрага по границите на неговиот талент. На родителите им рекле дека е како сунѓер, информациите ги впива неверојатно брзо и во огромна количина.

- Advertisement -

Семејството на Лорент е семејство на доктори, но и понатаму немаат објаснување зошто е толку надарен. Универзитетот во Ајндховен му дозволил да ги заврши студиите порано од другите студенти. Неговиот напредок не останал незабележан и веќе го бараат престижни универзитети од целиот свет, но семејството на Лорент не сака да каже кои понуди ги разгледуваат за неговиот докторат.

Родителите на Лорент се трудат тој покрај учењето, да има време и за играње. „Не сакаме да стане премногу сериозен. Тој прави што сака“, вели неговиот татко и додава дека мора да најдат рамнотежа меѓу детството и неговиот талент.

- Advertisement -

Лорент веќе знае што сака да прави понатаму во животот: да развива вештачки органи.

Сподели!
- Advertisement -