Исландскиот спреј за настинка со ензими од бакалар е ефикасно оружје против корона вирусот

- Advertisement -

Додека најголем дел од развиените земји во светот забрзано бараат ефикасна вакцина против новиот корона вирус, изгледа дека Исланд веќе има сопствено решение кое нема форма на вакцина. Спрејот за уста PreCold, кој е нивно домашно производство, се покажал многу ефикасен против новиот корона вирус, а посебен е затоа што во својата формула има ензими од рибата бакалар.

Спрејот за уста PreCold, кој е наменет за користење при првите симптоми на настинка и кој содржии ензими на бакалар се покажал толку ефикасен на тестовите што успеал да неутрализира дури 98,3% од вирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвикува болеста КОВИД-19.

- Advertisement -

Спрејот се нанесува како заштитен слој на грлото, каде што обично се насобираат вирусите и се размножуваат. Ензимите на бакаларот ги ослабуваат вирусите и го оневозможуваат нивното размножување до граница на која заразната личност би развила настинка.

Тој спреј се продава на пазарот во Исланд веќе пет години и претставува резултат на децении истражувања, чија оригинална идеја била да се пронајдат нови начини за употреба на остатоците од бакалар после фабричката преработка. Како резултат на тие истражувања, биотехнолошката компанија Zymetech е основана во 1999 година и го претставила својот прв производ, крема за нега на сува и осетлива кожа.

- Advertisement -

Во 2016 година Zymetech се спојува со шведската истражувачка компанија Enzymatica, која исто така го продава PreCold спрејот, но под друго име – ColdZyme. Ефикасноста на тој спреј кај КОВИД-19 е тестирана во лабораториите на Microbac во САД, а ефикасноста се одразила и на цената на акциите на Enzymaticа, која се зголемила за 67%.

Сепак, тие резултати засега се добиени само во лабораториски услови и допрва треба да се утврди дали ќе се покажат ефикасни и кај луѓето. Агуста Гундсдотир, соосновач на Zymetech, нагласува дека таа компанија моментално не се осмелува да ги поттикне луѓето на користење на спрејот PreCold се додека не се утврди неговата ефикасност против новиот корона вирус.

- Advertisement -

Атлантскиот бакалар е производ на исландската рибарска индустрија и е дел од исландското национално мени. Според актуелните податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, кој ја следи глобалната пандемија на новиот корона вирус и секојдневно неколку пати објавува актуелни податоци за целиот свет, Исланд досега има 1.847 заразени и 10 починати од болеста КОВИД-19 од вкупно 360.000 жители.

(Dnevnik.hr, Sputnik)

Сподели!
- Advertisement -