Во иднина патиштата ќе се прават од стари автомобилски гуми и градежен шут

- Advertisement -

Старите автомобилски гуми и градежниот шут во иднина ќе се користат за изградба на одржливи патишта, на тој начин рециклирајќи го отпадот кој инаку би завршил на депонија.

До ова откритие дојдоа научници од Австралија. Овој материјал за патишта е првиот во светот кој комбинира градежен шут и гуми за оптимизација на патиштата и исполнување на безбедносните стандарди.

- Advertisement -

Рециклираната мешавина, која е дизајнирана да се користи за основните слоеви на патиштата, е пофлексибилна од стандардните материјали и патиштата направени со неа ќе имаат помалку пукнатини. Според тимот научници, ова решение со кое не се креира отпад исто така ќе ја поддржи економијата.

Речиси половина од годишниот отпад кој се создава во светот доаѓа од градежништвото, реновирањето и демолирањето. Истовремено во светот секоја година има околу една милијарда стари автомобилски гуми.

- Advertisement -

Според инженерот Мохамад Сабериан Боруџени од Кралскиот институт за технологија на Мелбурн, употребата на оваа мешавина од гума и градежен шут има потенцијал за бенефити и по животната средина и по инженерството.

„Традиционалните патишта се направени од неодржливи суровини како карпи и природен песок. Нашиот мешан материјал е 100% рециклирана алтернатива и нов начин на реупотреба на старите гуми и градежниот шут, додека истовремено нуди флексибилност, цврстина и трајна деформација. Како што се стремиме кон циркуларна економија во која се елиминира отпадот и се поддржува континуирана употреба на ресурси, нашата рециклирана мешавина е вистинскиот избор за подобри патишта и почиста средина“, вели Боруџени.

- Advertisement -

Во Австралија, каде што било спроведено истражувањето, само 16% од старите гуми се рециклираат. Истовремено во земјата се создаваат 3,15 милиони тони градежен шут.

Патиштата вообичаено се направени направени од четири слоеви – подслој, база, подбаза и најгорниот слој од асфалт. Сите тие треба да бидат доволно цврсти за да го издржат притисокот на тешките возила. Но, мора да бидат и доволно флексибилни за да не пукаат.

Во претходни студии истражувачите покажаа дека мешавината од гума и градежен шут добро поминува на тестовите во поглед на отпорноста на притисок, вода и киселини. На последните тестирања истражувачите проверуваа како ќе се однесува еден таков пат ако по него поминуваат милиони возила. Тие користеле посебна машинерија за да ги проценат перформансите на материјалот под притисок и триење и ги споредувале со перформансите на различни типови мешавини во поглед на соодносот на гумата и шутот.

Откритието на австралиските истражувачи е целосно објаснето во весникот Construction and Building Materials.

(Daily Mail)

(фото: WallpaperFlare)

Сподели!
- Advertisement -