Технологијата речиси секогаш е пред законодавството, па неретко некои нови техноллогии се развиваат и почнуваат да се употребуваат пред законодавците и одредени правила за користење. Најдобар пример за тоа се криптовалутите, кои иако постојат и луѓето ги користат, во многу земји уште не се прифатени како облик на плаќање.
Но, една американска сојузна држава одлучи да ги претрка барем едно поле од технологијата кое се развива и кое би можеле да очекуваме да стане популарно во иднина, а тоа се летачките автомобили.
Сојузната држава Њу Хемпшир донесе закон кој ги пропишува условите за купување и возење на летачки автомобили по патиштата. Како што појасни претставникот Шерман Пакард, никаде во законите на Њу Хемпшир не се наведува дека таков возило може да вози по пат или дека е дозволено некој да поседува такво возило.
Иако со новодонесениот закон се одредуваат условите за поседување и користење на летачки возила по патиштата, не се дозволува нивно движење по воздух, како ни полетување и слетување на јавните патишта. Значи, според законот, можете да поседувате летачки автомобил, но не и да летате со него. Тоа значи дека летачките автомобили нема да се разликуваат од сегашните автомобили.
Проблемот во тоа е што и летачките автомобили уште ги нема на пазарот, иако бројни компании работат на различни прототипови. Но, кога ќе станат достапни, ќе можете да ги купите во Њу Хемпшир.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pixabay)