Научници од Сингапур создадоа електронска кожа која може да чувствува допир

- Advertisement -

Научници од Сингапур развија електронска кожа која е способна за чувство на допир. Ова е иновација за која веруваат дека ќе им помогне на луѓето со протези да препознаат предмети и да ја почувствуваат нивната тескстура, па дури и да почувствуваат температура и болка.

‘Кожата наречена ACES ќе биде составена од стотина мали сензори и ќе може да процесира информации побзо од човечкиот мозочен систем и да чита Брајова азбука со повеќе од 90% прецизност.

- Advertisement -

Додека луѓето мора да поминат со прсти по текстурата на некој предмет за да почувствуваат каква е, оваа електронска кожа само со еден допир ќе може да препознае тесктура со различна густина и цврстина. Тестовите покажале дека уредот може да препознае дека топката за смирување е мека и дека пластичната топка е тврда.

Кога ќе го изгубите чувството на допир, чувствувате отрпнатост. Луѓето кои носат протези го имаат тој проблем. Со создавање вештачка верзија на кожата за нивните протези повторно можат со рака да почувстуваат топлина и да почувствуваат колку тоа што го држат во раката е меко или тврдо.

- Advertisement -

Концептот е резултат на инспирацијата од сцена од трилогијата „Војна на ѕвездите“, каде што Лук Сјавокер ја губи десната рака и добива роботска со која може да почувствува допир. Технологијата уште е во експериментална фаза, но постои голем интерес, особено кај медицинската заедница. Тимот научници веќе има направено транспарентна кожа која може сама да се обновува и материјал кој испушта светлина за електронски уреди.

(NUSLife, Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -