Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука цените на нафтените деривати да се намалат во просек за 0.33% во однос на одлуката од 4.8.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕуроУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво како што било утврдено со Одлуката од 10.08.2020 година, па и понатаму ќе изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,244 ден/кг и ќе изнесува 26,365 ден/кг.
(фото: Needpix)