Почнува серијалот вебинари „Smart Money Talks“

- Advertisement -

Соочени со пандемијата КОВИД-19 која директно влијае на економијата во светски размери, повеќе од кога било сме свесни дека управувањето со личните финансиите може да биде навистина голем предизвик, особено кога доаѓа до промена во потрошувачките навики.

Финансиската писменост е повеќе од потребна во претстојниот период, особено помеѓу младите кои што допрва треба да научат како разумно да раководат со личните финансии.

Токму затоа, Глобал Шејперс Скопје Хаб (Global Shapers Skopje Hub) со серијалот на вебинари „Smart Money Talks“ („Разговори за паметни пари“) сака да го доближи знаењето на експертите во областа на финансиска писменост и рационално раководење со личните финансии до младите. Целта е да го подобриме знаењето за финансиска писменост кај младите и активно да дискутираме на оваа тема.

Првата дебата која ќе се одржи утре, 19 август, е посветен на бизнисите и како тие се справуваат со кризата од #КОВИД19!

- Advertisement -

На темата ќе дискутираат:
 – Маја Раванска – дел од тимот на Асоцијација за истражување, комуникации и развој Паблик / Public и одговорна уредничка на уличното списание за одржлив развој Лице в лице
 – Драган Јосифовски – главен извршен директор и основач на онлајн супермаркетот Paket.mk – Твојот онлајн супермаркет
–  Горјан Нацевски – основач на продавниците за природна и органска храна Markt Macedonia


Сподели!
- Advertisement -