КОВИД-19 предизвика економска криза која резултира со т.н. пандемска депресија во многу земји во светот, вели главниот економист на Светска банка, Кармен Рајнхарт.
Светот ќе се најде во многу слична ситуација како глобалната финансиска криза од 2018 година, па дури и полошо, пишуваат Рајнхарт и нејзиниот сопруг, Винсент Рајнхарт, кој е главен економист во Standish Mellon Asset Management, во најновото издание на списанието Foreign Affairs..
Светската банка во јуни годинава предупреди дека рецесијата предизвикана од КОВИД-19 се заканува да вовлече 70-10 милиони луѓе во екстремна сиромаштија, а земјите во развој и се најмногу погодени од 60-тите години наваму. Обединетите нации исто така предупредуваат дека многу нации во светот се соочуваат со најголемата криза со храна во последните 50 години.
„Оваа ситуација е толку опасна што заслужува да се нарече депресија, пандемска депресија. Овој ноов шок, кој не признава национални граници, доведе до рецесија најголем дел од глобалната заедница, и тоа повеќе отколку кога било од Големата депресија наваму. Како резултат на тоа закрепнувањето нема да биде толку брзо како падот“, вели брачниот пар.
Ранјхартови предупредуваат дека нормализирањето на економијата не треба да се меша со закрепнување. Во сите финансиски кризи од средината на 19 век досега потребни биле 8 години за бруто домашниот производ по човек да се врати на нивото пред кризата, а сега ќе бидат потребни најмалку пет години. Брачниот пар ги советува земјите да воведуваат фискални и монетарни стимуланси.
(Bloomberg)
(фото: Needpix)