Corona семјеството на брендови се здружи со мегапопуларниот рапер Снуп Дог на нивната прва кампања дизајнирана да ги обедини Corona брендовите, La Vida Más Fina. Целосно интегрираната маркетинг кампања е нов, свеж поглед на Corona животниот стил и пооптимистички тон на брендот.
И покрај падот на продажбата на пивото Corona, што резултираше со намалена вредност на брендот за 123 милиони евра, според Brand Finance, Corona и понатаму е највредниот бренд за пиво во светот.
Како што пишува на секое шише Corona, направено е да биде најдоброто пиво во светот. Новата кампања ја носи таа филозофија чекор подалеку. Под називот La Vida Más Fina или „најубав живот“, ги охрабрува луѓето да ја истражуваат вистината и да најдат исполнетост и среќа во најобичните работи така што ќе го сменат начинот на гледање на работите.
„Не можете да избирате се во животот, но можете да ја најдете убавината во животот. А со се што се случува во светот, тоа е перспектива која ќе им помогне на луѓето сега. Се здруживме со бренд како Corona за да ги поттикнеме луѓето да ја препознаат убавината во животот“ вели Снуп Дог.
„La Vida Más Fina го слави наследството на брендот – ценете го тоа што го имате, следете го животот и изберете секогаш да гледате на посветлата страна. Тие верувања се вкоренети во Corona и се универзални вредности кои добиваат се повеќе на значење“ велат од брендот Corona.
Продажбата на пивото продолжува да расте последните месеци, а производите на семејството Corona може да се најдат во ресторани, барови, локални трговци и онлајн.
(PRNewswire)