Анкета на ФИТР: Домашните компании се подготвени да инвестираат за да излезат од кризата

- Advertisement -

Во периодот од 24 јули до 19 август, ФИТР спроведе анкета – прашалник, на кој одговориле 256 домашни компании.
Од нив во најголем дел се микро 57% (145) и мали 31% (79), но свој придонес дале и 10% (26) средни и 2% (6) големи претпријатија. Тие направија евалуација во повеќе категории поврзани со висината на финансиската поддршка, проценките на ризик од инвестици, процесот на аплицирање, техничката помош, достапноста и критериумите

Анализата од анкетата која ја спроведе ФИТР по првиот циклус од инструментот за финансиска поддршка за технолошки развој, кој е наменет за надминување на последиците од КОВИД19, ги даде следниве индикатори:

- Advertisement -

1.Домашните компании се подготвени да започнат со инвестииции во време на актуелната криза, бидејќи вакво прилагодување им е неопходно за опоравување и понатамошно функционирање. Над 50% од компаниите сметаат дека моментот за вложување е соодветен, додека само за 13% е се уште рано да се влезе во нов инвестициски циклус.

Во однос на износот на финансиска поддршка, 40% од вкупниот број компании сметаат дека е доволна за инвестиции во фазата на опоравување што е особено изразено кај средните (73%) и малите претпријатија (68%), како и дека процентот на ко-финансирање е соодветен 58%. 29% пак сметаат дека треба да се зголеми. Според сегашните услови, со овој инструмент финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1.5 милиони денари за мали и до 3 милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70% од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30% се средства кои ги обезбедуваат самите компании.

- Advertisement -

Анкетата покажа еден интересен податок дека високи 74% компаниите кои учествуваа во анкетата, не користат друг вид на државна помош, а само 26% користат и тоа во најголем дел субвенции за минимална плата, 69%, 16% користат бескаматен кредит, а само 9% односно 5 компании се корисници на средства на ФИТР

Голем дел, односно 44% сметаат дека процесот на аплицирање е јасен и едноставен, додека само 8% се соочиле со суштински проблеми при пополнување на формуларот. За 40% од компаниите критериумите за евалуација се соодветни, додека 25% сметаат дека со нив се фаворизитаат одредени индустрии. Тие меѓу другото предлагаат и поширок опсег на активности кои се финансираат како и фокус на компаии чии проекти ја подобруваат животната средина. 16% пак не веруваат во објективноста на доделување на поддршката.

- Advertisement -

5.На прашањето како го оценуваат новововедениот механизам за поврат на средствата компаниите имаат различни ставови и тоа: 19% сметаат дека овој механизам е добар, но дека процентот на поврат треба да се намали, додека поголемиот дел од 29% сметаат дека основот за поврат на средствата треба да биде пресметан од приходите остварени од проектот, а не пресметан на база на остварени приходи на ниво на претпријатие.

За потсетување, со овој механизам средствата се доделуваат со поврат од 15% од бруто добивката остварена во првите три години по завршување на проектот

Самиот прашалник на анкетираните правни субјекти им остави можност за нивни идеи и предлози, а како најзначаен се издвои предлогот за подобрување на овој процес каде дел од компаниите предложија ФИТР сам да ја обезбедува документацијата од државните институции како и онлајн обуки и туторијали за аплицирање

Резултатите од оваа анализа и препораките на домашните компании се можност за нивен директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот. Тие ќе бидат вклучени во инструментот за поддршка за економско заздравување, кој во моментов е во фаза на адаптација.

Инаку за реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување Фондот иницира дополнителни средства од Владата, над веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.

Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата на С.Македонија и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании кои имаат потврден потенцијал за успешно работење.

Фото- Flickr.com

Сподели!
- Advertisement -