Додека ширум светот се зголемува старосната граница за одење во пензија, во Данска таа може да се намали за голем број луѓе. Имено, новиот данскиот пензионерски модел треба да овозможи 38.000 луѓе до 2022 година да појдат во пензија и пред исполнувањето на моменталната старосна граница. Тој број до 2025 година ќе се зголеми на 49.000 луѓе.
Данската власт предлага да се овозможи пензионирање на луѓе кои имаат 42 години стаж и 61 година старост. Моментално во Данска се оди во пензија со просечна возраст од 66 години.
Оваа реформа на пензискиот систем е наменета пред се за луѓе кои работат тешка физичка работа. Премиерот Мет Фредериксен оваа одлука ја прокоментира со зборовите дека луѓето треба да одат во пензија пред работата целосно да ги исцеди за да можат да уживаат во остатокот од животот, да се посветат на семејството и на интересите со кои не можеле да се занимаваат во текот на работниот век.
(Bizlife)
(фото: Pxfuel)