Научници открија зошто болните од КОВИД-19 го губат осетот за мирис

- Advertisement -

Еден од најчестите симптоми во светот од корона вируост е губењето на осетот за мирис и вкус. Иако тој симптом најчесто краткотраен, досега ги збунуваше научниците.

Но, научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ открија дека за губење на осетот за мирис е одговорен еден ензим, ACE-2. Тие се сомневаат дека токму тој ензим е одговорен за отворање на вратата на организмот за коронавирусот да навлезе во организмот.

- Advertisement -

Во своето истражување објавено во весникот European Respiratory Journal докажаа дека екстремно високите дози на ензимот ACE-2 во пределот на носот предизвикуваат губење на осетот за мирис.

Нивното истражување може да послужи како нов пристап во лечењето на заразените со корона вирусот, но за тоа ќе биде потребно да се направат уште истражувања. Имено, научниците се надеваат дека откритието на улогата на ензимот ACE-2 може да помогне во борбата со болеста и дека антивирусната терапија би можела да се дава директно преку носот.

- Advertisement -

(European Respiratory Journal)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -