Јапонски научници тврдат дека озонот може да го неутрализира корона вирусот

- Advertisement -

Научници од Медицинскиот универзитет Фуџита велат дека докажале дека гасот озон во концентрации од 0,05 до 0,1 ppm, нивоа кои се сметаат за безопасни за луѓето, може да го убие корона вирусот.

Во нивните тестирања бил користен генератор на озон во затворена комора со примероци од корона вирусот. Моќта на вирусот паднала за повеќе од 90% кога бил изложен на ниски нивоа на озон во период од 10 часа.

- Advertisement -

Преносливоста на новиот норона вирус може да се намали со континуиран третман со озон во ниски концентрации, дури и во средина каде што се присутни луѓе со користење на овој вид на систем, вели Такајуки Мурата, научникот кој го предводел истражувањето.

Тие откриле дека озонот е особено ефикасен во услови на голема влага. Познато е дека озонот, еден вид молекула на кислородот, елиминира многу патогени, а претходните обиди покажале дека високите концентрации на озонот, од 1 до 6 ppm, се поефикасни против корона вирусот, но се потенцијално отровни за луѓето.

- Advertisement -

Неодамнешна студија на Технолошкиот институт во Џорџија покажала дека озонот може да биде ефикасен во дезинфекцијата на заштитните костими, очила и другата заштитна медицинска опрема. Универзитетската болница Фуџита во префектурата Аичи во централна Јапонија поставила генератори на озон за да се намали заразата во чекалниците и болничките соби.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -