Гигантот за пијалаци Coca-Cola ќе отпушта 4.000 вработени

- Advertisement -

Од Coca-Cola објавија дека планираат да отпуштат 4.000 вработени, на кои им нудат да им ги откупат акциите. Половина од продажбата на Coca-Cola доаѓа од места како стадиони, киносали и други места каде што се собираат голем број луѓе. Тие места беа затворени поради пандемијата на корона вирусот, па приходите од продажба се намалиле за речиси една третина (28%) во последниот квартал.

Ова е последното кратење со што работната сила на гигантот за пијалаци ќе биде помала за 100.000 во последните осум години на 60.000. Coca-Cola ќе ја крати работната сила во САД и во Канада, а потоа ќе крати и од работната сила во интернационалните подружници.

- Advertisement -

Како што велат од компанијата со седиште во Атланта, ова кратење е стратешко и е дел од стратегијата Beverage for Life. Не се споменува ни корона вирусот ни екномската криза која ја предизвика пандемијата. Притоа, во оваа конотација не се споменува отпуштање од работа, туку „доброволни и недоброволни разделби“.

(CBS News)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -