Кариерен Tech Самит – едукативен настан за сите почетници во ИТ секторот

- Advertisement -

Кариерен Tech Самит е онлајн едукативен настан во организација на Women in Tech Macedonia кој ќе се одржи оваа сабота, на 19-ти септември 2020 година со почеток во 11:00 часот.

Настанот има едукативна и советодавна цел, преку различните гледишта на говорниците, секој од своето долгогодишно професионално искуство, со публиката ќе ги сподели најдобрите практики кога станува збор за тоа како да ги оптимизирате чекорите во процесот на барање на работа и претставување пред компаниите во најдобро можно светло. Кои се финесите кога станува збор за креирање CV и професионален LinkedIn профил, како и можни сценарија за време на техничкиот процес и интервјуто.

- Advertisement -

„Наша цел е да споделиме како најправилно да го сторите тоа, избегнувајќи бројни предизвици и евентуални грешки, поради кои можете да ја загубите совршената можност за вработување.“ – велат од организацискиот тим.

Говорници на настанот се искусни професионалци од областа на човечки ресурси, регрутација, како и технички лица кои се активно вклучени во процесот на пронаоѓање, интервјуирање, селекција и вработување. Ова е ретка можност да слушнете за конкретни пракси и политики на различни компании кај нас, и тоа на прашања од кои директно зависи вашиот кариерен развој.

- Advertisement -

Во својата агенда, настанот предвидува 3 панел дискусии на различни, но комплементрани теми во процесот на барање работа во ИТ секторот и соодветно почетно позиционирање на пазарот на труд.

На првата панел дискусија ќе зборуваат Марија Пападинова Станкиќ – Senior Recruiter во SEAVUS, Биљана Стефков – Senior Technical Recruiter во IT LABS и Горан Калајџиски – основач и CEO на ISG MACEDONIA кој ќе биде модератор на панелот. Овој панел ќе ви даде одговори на најчесто поставуваните прашања во процесот на персонално брендирање, креирање на соодветно CV и добар LinkedIn профил, како и детали при комуникација со регрутери.

- Advertisement -

Вториот панел ја носи дискусијата во доменот на менаџирање на човечки ресурси. Панелистите Ивана Глигоровска – HR Busniness Partner во POLAR CAPE CONSULTING, Фросина Пешиќ-Ѓорѓиоска – Senior Human Capital Manager во NETCETERA и Ивана Матејин – HR Manager во OPEN GI како модератор, ќе ви откријат кои се најчестите грешки кои ги правите на интервју, како добро да се подготвите и кои се очекувањата од вас, како и каква е врската помеѓу техничкиот и HR делот од интервјуто.

На третиот панел ќе учествуваат Бојан Велјановски – CTO/CEO на HASELT, Векослав Стефановски – Head of Development во SOURCICО и Гоце Каламадевски – Head of Development во ENDAVA, a дискусијата ќе биде модерирана од Рената Лазороска – Software Engineer во INSCALE GLOBAL. Како технички лица со долгогодишно искуство во водење на технички интервјуа, говорниците ќе споделат со вас како да се подготвите за дадени прашања, какви различни технички интервјуа и процеси постојат, како влијае потенцијалот за раст наспроти моменталниот перформанс на кандидатот, како и многу други практични аспекти на техничкото интервју. На пример, како се одговара на прашање на кое не го знаете одговорот?

Доколку сте на почетокот на вашата кариера во ИТ, сте студенти на техничките факултети, можеби се репрофилирате кон ИТ или пак едноставно сакате да дознаете повеќе за процесот на интервјуирање и вработување во еден од најактуелните сектори, тогаш дознајте повеќе за настанот на следниот линк.

За повеќе информации следете ги Women in Tech Macedonia на FacebookInstagram и LinkedIn.

Сподели!
- Advertisement -