„Лунесол“ едукативна дигитална игра за препознавање екстремизам и тероризам

- Advertisement -

Денес во 18:00 часот е закажан првиот онлајн настан – Lunesol Gaming Sessions на платформата www.lunesol.eu, каде во 40 минути Марио Савовски, дизајнер на игри, ќе ги претстави сите аспекти од играта „Лунесол“, карактерите и самиот game play.

За да го следите настанот може да се приклучите на следниот линк.

- Advertisement -

Инаку дигиталната игра „Лунасол“ е наменета за едукација и обука за ученици, наставници и младински работници со цел справување со сериозните општествени и економски последици кои ги предизвикува радикализацијата на младите која води до екстремизам, насилство и тероризам.

„Во развојот на играта беа вклучени експерти од областа на образованието и превенцијата на радикализмот како и голем број на наставници, ученици и психолози. Процесот вклучуваше организација на серија од фокус групи со наставници и ученици од пет средни училишта од Македонија како и работилници со професионалци за справување со насилен екстремизам, едукатори, психолози и експерти за развој на игри. Како поддршка на развојниот процес на играта се изработи „Анализа за имплементација на симулациската игра за превенција на насилен екстремизам и радикализам како едукативна алатка во воспитно-образовниот процес“. Анализата овозможи препорака на најдобриот пристап од неколку различни методологии кои се однесуваат на техничките и едукативни компоненти кои најмногу соодветствуваат на визијата на проектот и очекуваните резултати“ стои во описот за играта.

- Advertisement -

„Лунесол“ е достапна на македонски и албански јазик на веб платформата www.lunesol.eu, a мобилната апликација може да се преземе преку Google Play и App Store.

Проектот „Игра за промени – дигитална игра – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедницата“ е реализиран во блиска соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование. Проектот е финансиски поддржан од STRIVE Global Program на Европската Унија, имплементиран од фондацијата Хедаја.

Сподели!
- Advertisement -