Исланд има луксузна понуда за туристите – пливање со китови на полноќно сонце

- Advertisement -

Поради пандемијата многумина заштедија пари кои инаку би ги потрошиле на патувања, па сега планирата кои земји и атракции да ги посетат наредната година. Некои планираат да одат на Исланд поради новата актрактивна понуда.

Компанијата Black Tomato нуди луксузни патувања, а најави и нова понуда меѓу веќе постoјните дестинации. Тие ги повикуваат туристите да запливаат со китови на Исланд. Со тие цицачи можете да пливате додека мигрираат од Карипското Море кон нордиските земји. Како тоа да не е доволно, на Исланд во текот на летото е сончево речиси 24 часа на ден, па така туристите ќе можат да пливаат со китови на полноќно сонце.

- Advertisement -

Патувањето трае пет дена во период од јуни и август идната година и почнува во Рејкјавик, од каде што туристите одат на Еијафјордур, еден од најголемите фјордови на Исланд, каде што ќе можат да пливаат со китови.

Меѓу останатите активности на патувањето се ски турнеја на Олафсвик, нуркање крај островите Гримсеј и патување до термалните морски бањи GeoSea. За љубителите на шетањето планирано е пешачење до пештерата Лофтхелир, како и краток престој во славното одморалиште Blue Lagoon.

- Advertisement -

Ова патување има и астрономска цена – чини повеќе од 8.000 евра по човек и тоа без вклучени авионски билети.

„Ние во Black Tomato секогаш бараме неверојатни и ретки патувања кои ќе ви го одземат здивот и ќе ви понудат нешто што не нуди никој друг. Затоа размислувавме, истражувавме и дизајниравме искуство кое можете да го проживеете само еднаш во животот. Така дојдовме до пливањето и нуркањето со китови на полноќно сонце“, велат од Black Tomato.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -