До крајот на декември Coursera.org нуди 100 бесплатни курсеви

- Advertisement -

Страницата Coursera.org нуди 100 бесплатни онлајн курсеви, од кои голем дел ги држат врвни светски универзитети како Јеил, Стенфорд и Универзитетот Пенсилванија, како и од компании од рангот на Google и Amazon. Курсевите се бесплатни до крајот на декември годинава.

Учесниците на курсевите ќе добијат пристап до се што добиваат и учениците што плаќаат, како што е оценување на домашните работи, проекти и материјал за учење, како и сертификат за завршен курс кој може да го додадат на својот профил на LinkedIn.

- Advertisement -

Курсевите поделени на повеќе категории – од јавно здравје, мнетално здравје, развој на кариера, клауд технологија итн. Тие варираат и според целите, односно аспирациите на учесниците – од стекнување нови вештини до промена на кариера итн. Таргет се луѓе од различни демографски категории – од средношколци и студенти до возрасни луѓе. Страницата за онлајн-учење Coursera ги нуди бесплатните курсеви со цел да го поддржи пристапот до онлајн образование за оние кои практикуваат социјално дистанцирање и со цел да спречи ширење на корона вирусот.

Еве како да се приклучите на некој бесплатен курс на Coursera. Кликнете на курсот кој сакате да го следите, внимавајте да има сина налепница на горниот дел од страницата. Ако нема, освежете ја страницата и почнете одново. Кликнете на копчето „Enroll for free“ (Запишете се бесплатно). Изберете “Purchase Course” (Купете го курсот). Ако сте избрале курс со сина налепница, треба да ви се појави “Your promotion will automatically be applied at checkout” (Промотивниот код ќе биде пресметан на крајот).На крајот треба да ви се појави сума 0 долари.

- Advertisement -

Бесплатните курсеви можете да ги прегледате на следниот линк.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -