ВИДЕО: Летачки автомобил кој може да превезува пилот

- Advertisement -

Јапонска компанија успешно тестираше летачки автомобил кој успеа во воздух да подигне човек пилот. SkyDrivе е една од многуте компании кои развиваат летачки автомобили, но нивниот проект отиде чекор подалеку откако успешно полета автомобилот со пилот.

Од видеото во прилог може да се види дека автомобилот на SkyDrive неколку минути лебди во воздух со патникот во кабината. Томохиро Фукузава, директорот на SkyDrive, се надева дека ќе има целосен производ до 2023 година.

- Advertisement -

Проектот SkyDrive првите тестирања ги направи пред три години, но летот беше неуспешен. Неодамна компанијата доби инјекција од околу 18 милиони фунти од Банката за развој на Јапонија, што помогна за развојот на автомобилот.

Санџив Синг е професор на Институтот за роботика при Универзитетот Карнеги Мелон, кој ја основаше компанијата Near Earth Autonomy во Питсбург, САД, која го развива летачкиот автомобил Evtol. Друг конкурент на SkyDrivе е компанијата Lilium од Германија, Joby Aviation во Калифорнија и Wisk, заедничка компанија на Boeing и Kitty Hawk, кои исто развиваат летачки автомобили.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Sky Drive)

Сподели!
- Advertisement -