Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34%, во однос Oдлуката од 28.09.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.
Од 6.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 50,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,968 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг и ќе изнесува 25,968 ден/кг.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 0,714 %, кај дизелот има зголемување за 1,463%, зголемување има и кај екстра лесното масло за 1,638 %, додека кај мазутот има зголемување за 1,324% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,393%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ се дадени во следната табела:
(фото: Needpix)