Очилата со проширена реланост не мора да бидат корисна алатка само за човекот, а една американска компанија покажа дека може да ја зголеми ефикасноста на кучињата. За таа цел сакаат да применат воена технологија.
Проширената реалност за кучињата е тука. На идејата за т.н. doggles или очила со проширена реалност за кучиња работи Еј Џеј Пепер, основач на компанијата Command Sight. Американската војска смета дека неговиот изум би можел да го револуционизира начинот на кој нивните специјални единици ги користат воените кучиња на бојното поле.
Идејата на Пепер била да ја подобри комуникацијата меѓу човекот и кучињата и се запрашал зошто да не стави HoloLens (очила со проширена реалност на Microsoft) на кучиња?
Тој како основа зел очила за кучиња Rex Specs, кои американската војска ги користи за заштита на очите на своите кучиња. На нив додал оптоелектронска компонента и на тој начин направил екран пред очите на кучињата преку кој кучињата можат да примаат визуелни наредби или преку кој може да се наведуваат на движење.
Очилата за проширена реалност на Пепер се поврзани со уред кој го користи војникот и со помош на кој може да види исто што гледа и кучето и да комуницира со кучето во реално време. Американската војска го поддржува проектот на Пепер и покажа голем интерес за неговите очила. Тоа може да го револуционизира начинот на кој се користат воените кучиња.
Пепер својот прототип го тестирал на своето куче Матер, кој воедно е и маскота на неговата компанија.
(Business Insider)
(фото: Pxhere)