Обединетото Кралство планира до 2030 година да користи само енергија од турбини на ветар

- Advertisement -

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги потврди плановите на владата целата земјанда се напојува со енергија произведена од турбини на ветар до 2030 година. Во своето обраќање на виртуелен состанок на Конзервативната партија тој го повтори своето ветување дека обновливата енергија ќе се користи за напојување на сите домови во Англија, Шкотска, Северна Ирска и Велс до крајот на оваа декада.

„Вашето ѓезве, вашата машина за парење, вашето греење, вашиот електричен велосипед, сите тие апарати ќе добиваат чиста енергија од ветровите кои дуваат околу островите“ истакна Џонсон.

- Advertisement -

За да ги реализира тие амбициозни планови владата ќе мора да генерира најмалку 40GW енергија од фармите на ветар. Во 2019 година владата се обврза да генерира 30GW енергија од ветар. Џонсон вети дека таа енергија ќе се зголеми на 40GW после победата на партијата на изборите во декември минатата година.

Додека плановите за генерирање 100% зелена енергија во Обединетото Кралство се позитивни вести, проектот се соочува со повеќе предизвици. Пандемијата создаде финансиски проблеми за сите, но Џонсон ги увери гледачите на виртуелната конференција дека владата ќе инвестира 207 милиони долари за развој на подобри турбини, како и на пловечки турбини со цел да ја достигне таа цел.

- Advertisement -

„Владата има амбиции за развој на обновливата енергија и искористување на ветрот, а нашата индустрија е подготвена да се соочи со тој предизвик“ изјавија од трговската асоцијација RenewableUK.

Според анализите на Aurora Energy Research, ќе бидат потребни речиси 64,8 милијарди долари за генерирање 40GW енергија од ветрот. Обединетото Кралство моментално има капацитет од 10GW на фармите на ветар. Анализата покаѓува и дека владата ќе мора да инсталира во просек 260 турбини годишно во наредните пет години со цел да ја достигне целта.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -