Samsung го претстави смартфонот Galaxy A42 5G, најновиот уред во својата понуда на пристапни телефони од серијата А со нешто послаби спецификации. A42 сега е најевтиниот смартфон на Samsung со поддршка за 5G мрежата и чини околу 455 долари. Претходно титулата најевтин ја имаше A51 5G со цена од 500 долари.
Galaxy A42 го содржи процесорот Qualcomm Snapdragon 750G, кој беше претставен минатиот месец. Тоа би требало да биде чекор напред во однос на Snapdragon 730G, кој го користат уредите како Google Pixel 4A, но не е исто моќен како Snapdragon 765G во Pixel 4a 5G и OnePlus Nord.
Смартфонот има ОЛЕД екран од 6,6 инчи со селфи камера од 20 MP во горниот дел. Во зависност од верзијата, има 4 или 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, која може да се прошири со мемориска картичка. Во екранот е интегриран сензор за отпечаток. На задната страна има четири камери: широка од 48, ултраширока од 8, макро од 5 мегапиксели и сензор за длабочина од 5 MP за креирање ефекти на портрет.
Ќе може да се најде во три бои: црна, сива и бела со четири нијанси кои се менуваат од дното кон врвот.
(Klix.ba)
(фото: screenshot Samsung)