Првата вселенска бензинска пумпа во светот ќе биде изградена во Велика Британија како дел од проект за поддршка на мисиите на НАСА на Месечината. Производителот на авио-опрема Thales Alenia Space ќе ја изгради хемиската станица, која ќе биде лансирана во вселената во 2027 година, а ќе се гради на три места во Велика Британија – Бристол, Белфаст и Оксфордшир.
Бензинската пумпа ќе се користи за снабдување со гориво (ксенон и други хемиски горива) на вселенската станица Lunar Gateway, која ќе орбитира околу Месечината и ќе служи како комуникациски центар и научна лабораторија.
Бензинската пумпа ќе биде лансирана полна со горива за да се наполнат системите на Lunar Gateway. Кога бензинската станица ќе снема гориво, вселенски танкери, кои ќе бидат лансирани од Земјата, ќе ги наполнат резервоарите. Секое полнење на резервоарите ќе биде доволно за станицата да орбитира околу Месечината неколку години, велат од Вселенската агенција на Велика Британија.
„Градењето на бензинската пумпа на британско тло е уште еден доказ дека ние сме лидери во светот по иновациите за вселената, особено затоа што овој неверојатен проект ќе биде од витално значење за идните мисии на Месечината и на Марс. Пресреќни сме што со овааа револуционерна технологија ќе се отворат 200 нови работни места во Велика Британија и ќе се зголеми нашето значење како глобална вселенска сила“, изјавија од Министерството за наука.
„Освен тоа, човечкото присуство во близина на Месечината ќе ни даде уникатна предност за набљудување на површината на Земјата, на атмосферата и на биосферата. На пример, таквото нбабљудување може да биде од суштинско значење за мониторинг и предвидување на ризиците од климатските промени“ велат од Thales Alenia Space CEO.
(Daily Mail)
(фото: PickPik)