Три милијарди луѓе во светот немаат услови за миење на рацете

- Advertisement -

Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека околу 3 милијарди луѓе во светот или 40% од вкупната популација на Земјата немаат во својот дом услови за одржување на основна хигиена како миење на рацете. Меѓународниот фонд за деца на ОН предупреди дека недостапноста на основната хигиена како миење раце за милиони луѓево светот значи зголемен ризик од зараза со корона вирусот и други заразни болести.

Според извештајот на УНИЦЕФ, направен по повод Светскиот ден на миење раце, во најнеразвиените земји речиси 3/4 од населението не може да ги измие рацете дома. Во Супсахарска Африка, на пример, 63% од луѓето кои живеат во урбана средина немаат основни хигиенски услови како што е место за миење на рацете.

- Advertisement -

Глобално, 43% од училиштата во кои учат 818 милиони ученици нема можност за миење на рацете со вода и сапун. Во најсиромашните земји, пак, процентот на училишта кои немаат место за миење на рацете е дури 70%.

Пандемијата дополнително ја нагласи клучната улога на хигиената во превенцијата на болести. Неприфатливо е најранливите заедници да не се можност да ги користат наједноставните методи за заштита на своите животи и животите на блиските“, велат од УНИЦЕФ.

- Advertisement -

УНИЦЕФ заедно со Светската здравствена организација покрена иницијатива „Хигиена на рацете за сите“ за да се забрза и да се одржи напредокот кон тоа хигиената на рацете да биде основа на интервенциите во јавното здравство. Тоа значи подобрување на пристапот до места за миење раце, вода, сапун и средства за дезинфекција во сите средини, како и промена на однесувањето и навиките за да се развие пракса на оптимално миење на рацете.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -