Словачка планира да ги тестира на корона вирусот сите свои жители постари од 10 години, објави пред неколку дена премиерот Игор Матовиќ. Уште не е јасно дали таквото национални тестирање ќе биде задолжително или доброволно. Децата помали од 10 години нема да мора да се тестираат, а тоа е одлучено на основа на советот на педијатри.
Тестирањето би требало да биде спроведено во текот на наредните два викенди. Програмата ќе почне во жариштата на епидемијата идниот викенд, а ќе продолжи во остатокот од земјата на 31 октомври и 1 ноември.
Во тестирањето ќе помогнат полицијата и војската за да се преоптоварат здравствените работници. Словачка има околу 5,5 милиони жители. Тестирањето ќе биде организирано слично како избори и во земјата ќе има околу 6.000 станици за тестирање. Времето на доаѓање на граѓаните ќе биде одредени по азбучен редослед за да нема гужви. Премиерот Матовиќ потенцираше и дека тестирањето ќе биде бесплатно за сите.
Словачката влада ова го планира три недели и за таа цел има нарачано околу 13 милиони антигенски тестови кои би требало да даваат резултати брзо. „Ако успееме да го направиме ова, ќе бидеме пример за целиот свет“ додава Матовиќ. Од почетокот на пандемијата досега Словачка има над 28.000 заразени, а починале 82 луѓе.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Pixabay)