Објавени новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41%, во однос одлуката од 13.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година.  Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво, односно не се менуваат.

- Advertisement -

Од 20.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            59,00 (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             61,00 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       50,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               50,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      26,754 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг и ќе изнесува 26,754 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај  бензинот за 2,515%, кај дизелот има зголемување за 0,074%, намалување има кај  екстра лесното масло за 0,415% и кај мазутот намалувањето е за 0,633%  .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,006%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од  12.10.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,820 0,966
Австрија 1,006 1,065
Бугарија 0,923 0,928
Хрватска 1,113 1,208
Германија 1,051 1,293
Грција 1,132 1,423
Италија 1,261 1,389
Унгарија 1,028 1,048
Словенија 0,999 1,002
Сподели!
- Advertisement -