Facebook претстави софтвер базиран на машинско учење кој може да преведува 100 јазици без да се портпира на англискиот како посредник, како што прават многу од постојните системи. Вештачката интелигенција е отворена за јавноста, а била креирана со цел да и помогне на социјалната мрежа да прави подобри содржини на 160 јазици за своите над 2 милијарди корисници ширум светот.
Системот на Facebook, наречен M2M-100, е обучен со податоци од 7,5 милиони парови реченици од 100 различни јазици. Тимот направил универзален модел со 15 милијарди параметри. На тој начин истражувачите можеле да дознаваат информации од поврзаните јазици.
Од Facebook велат дека во моментот на листите со новости на корисниците секојдневно се прават 20 милијарди преводи. Тие се надеваат дека новиот систем ќе дава уште подобри резултати.
Новиот систем сега може директно да преведува 100 јазици во 100 различни насоки и тоа се постигнува со алгоритмот 10 BLEU, кој има за задача да го проценува квалитетот на машинскиот превод.
Рушењето на јазичните бариери со помош на машинското учење е еден од најбитните начини да се приближат луѓето, да се обезбедат потврдени информации за КОВИД-19 и да се заштитат од штетни содржини, велат од Facebook.
Истражувачите на Facebook користеле специфични критериуми за избор на јазиците, односно има јазици од различни семејства со географски диверзитет и такви кои се користат на многу места. Сепак, ги избегнувале јазиците кои се статистички ретки.
Потоа тимот ги организирал јазиците во 14 групи врз основа на лингвистичка класификација, како и на географските и културните сличности.
(Daily Mail)
(фото: Pixabay)