Apple во вторник претставува нови модели на iPhone

- Advertisement -

Новите гласини кои се појавија на интернет неделава горе-долу потврдија се што се зборуваше досега за новите модели на iPhone. Уште малку и ќе дојде крај на черањето. Откако во септември одржаа конференција на која ги претставија новите часовници и таблети, идната недела Apple конечно ќе ја претстави новата генерација на iPhone. Не би требало да има некои изненадувања околу уредит екои ќе ги претстави затоа што досега се објавени бројни гласини за iPhone 12, како и за останатите модели.

Како што веќе пишувавме, се очекуваат четири модели кои ќе имаат ОЛЕД екрани и поддршка за 5G. iPhone 12 mini ќе има екран од 5,4 инчи, две задни камери и ќе се продава во верзии од 64, 128 и 256 GB меморија со почетна цена од 699 долари. Ќе може да се нарача од 6 ноември, а ќе се појави на пазарот на 13 ноември.

- Advertisement -

iPhone 12 ќе има ист хардвер камери, но поголем екран 6,1 и се разбира, повисока цена од 799 долари. Иста дијагонала на екранот ќе има и iPhone 12 Pro, само што тој модел ќе има и телефото камера и некои дополнителни опции како лидар. Основниот модел на iPhone 12 Pro треба да има 128 GB меморија и ќе се продава по цена од 999 долари, а и двата модели ќе може да се нарачаат од 16 ноември, додека во продажба ќе се најдат на 23 ноември.

iPhone 12 Pro Max ќе има екран од 6,7 инчи, три камери и лидар, а почетната цена ќе изнесува 1.099 долари. На пазарот ќе се појави идниот месец на 20 ноември, а може да се нарачува од 13 ноември натаму.

- Advertisement -

Конференцијата на Apple е најавена за 13 ноември во 19 часот.

(Mac Rumors)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -