Словенечката влада прогласи состојба на епидемија на КОВИД-19 за цела држава, која ќе биде на сила наредните 30 дена. Станува збор за еден вид на вонредна состојба, со можност за заострување на веќе важечките епидемиолошки мерки и рестрикции.
Словенија се одлучи на тој чекор во согласност со претходно донесен план и откако последните тестирања покажаа дека во тестираната популација една петтина се позитивни на корона вирусот, а портапаролот на владата вчера најави дека денес се очкува нов неславен рекорд на бројот на заразени откако во петокот тој достигна 897 луѓе.
Со активацијата на планот за постапување во состојба на епидемија предвидени се три пакети на можно заострување на мерките, во зависност од бројот на заболени и пополнетоста на болничките капацитети со пациенти од КОВИД-19.
Првиот пакет во сегашната фаза предвидува и можност за воведување полициски час, односно забрана за движење во ноќните саати, потоа затворање на хотелите, физерските и козметичките салони, како и на спортските објекти за аматерски и индивидуални спортови, забрана на сите спортски настани за цела држава, па и затворање на трговските центри.
Во случај на понатамошно ширење на заразата предвидено е и затворање на градинките и училиштата, стопирање на јавниот превоз , како што беше случај во текот на првата фаза од пандемијата пролетоска.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Freepik)