Преполна со светла во секакви бои и млазеви вода кои се издигнуваат кон небото, најновата атракција во Обединетите Арапски Емирати пред неколку дена си го обезбеди светскиот Гинисов рекорд за најголема фонтана во светот.
Лоцирана во Палм Џумеира областа на крајбрежјето на Дубаи, фонтаната Palm Fountain беше откриена со спектакл кој беше емитуван во целиот свет. Фонтаната се протега на водена површина од над 1.300 квадратни метри со 128 млазеви кои можат да ја фрлаат водата до висина од 105 метри и 3.000 ЛЕД светла.
Palm Fountain го презеде Гинисовиот рекорд за најголема фонтана во светот од фонтаната Banpo Moonlight Rainbow Fountain во Јужна Кореја. Единствената фонтана во Дубаи во повеќе бои е дизајнирана со контроли на јачина и боја на светлината и ќе биде отворена за јавноста во текот на целата година. Ќе прикажува триминутни танцови на водата според музиката на секои 30 минути.
(Global news)
(фото: YouTube screen shot)