Најголемата соларна фарма во светот ќе биде изградена во Австралија

- Advertisement -

Најголемата соларна централа во светот ќе биде лоцирана во Австралија во сегашна фарма за говеда помеѓу Алис Спрингс и Дарвин. Локацијата на фармата е стратешки избрана за да ги задоволи и логистичките и инженерските потреби. Кога ќе биде комплетирана, оваа соларна фарма ќе може да се види од вселената. Фармата е толку голема што се очекува да произведува доволно енергија за да задоволи 1/5 од потребите за енергија на Сингапур.

Според Sun Cable, компанијата која е на чело на проектот, се очекува изградбата да почне во 2023 година на површина од 12.000 хектари во Њукасл Вотерс. Извршниот директор на Sun Cable, Дејвид Грифин, вели дека проектот бил поднесен до Агенцијата за заштита на природата во Северната Територија. Производството на енергија се очекува да почне во 2026 година, а извозот на струја во 2027 година. Се очекува дека фармата ќе генерира 10 гигавати струја.

- Advertisement -

Според Грифин, тимот ја избрал локацијата поради стратешката позиција. „Фармата ќе се наоѓа на железничкиот коридор од Аделаида до Дарвин, што е одлично затоа што мора да транспортираме огромна количина материјал до локацијата. Исто така станува збор за баланс затоа што е доволно на југ за да се избегне влажната сезона, а има доволно сончеви денови во текот на целата година“, објаснува Грифин.

Откако ќе биде изградена, фармата ќе ја снабдува со енергија Северната територија, каде што некои поизолирани региони користат енергија од дизел генератори. Тоа не само што е скапо, туку е и штетно за околината. Проектот за соларната фарма чини 20 милијарди долари, а со него ќе се отворат 1.500 работни места директно и околу 10.000 индиректно, плус 350 постојани работни места.

- Advertisement -

Овој нов проект ќе и помогне на Австралија да ја намали емисијата на стакленички гасови. Моментално земјата придонесува со 1,4% во глобалната емисија.

(Eco Watch)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -