Компаниите бараат брзи тестови на граничните премини за непречено одвивање на бизнисот

- Advertisement -

Брзи ПЦР тестови на граничните премини за да нема застој во бизнисот. Претставници на коморите од шесте земји на Западен Балкан бараат тестирање на граница и така наречени зелени ленти за патување во услови на пандемија. Сметаат дека непреченото патување од деловни причини треба да се одвива без разлика што се влошува епидемилиошката состојба во сите земји.

„Многу често се јавува потребата компаниите да треба да испраќаат работници за извршување работни задачи во некоја од другите држави од регионот, за спроведување некои договорни обврски, за инсталирање/монтирање машини и друга опрема или за други потреби“, посочи д-р Татјана Штерјова-Душковска, Стопанска комора на Македонија директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори и национален координатор на Коморскиот инвестициски форум.

- Advertisement -

Од почетокот на корона кризата земјите го условуваат патувањето преку граница со негативни тестови, а во март и април границите беа целосно затворени. Зелената лента која сега се бара би функционирала на сличен начин како што беше уредено превезувањето на стоките во време на карантин.

„Ваквиот предлог би претставувал надоврзување на моделот за „зелените ленти“ за приоритетно движење на суштинските добра (храна, медицинска опрема и медицински средства) низ регионот на Западен Балкан, кој се применува од средината на април и кој покажа многу позитивни резултати во однос на обезбедувањето непречено снабдување со стока“, истакна Штерјова-Душковска.

- Advertisement -

Поради ова, Коморскиот инвестициски форум, како асоцијација на шесте комори од регионот на Западен Балкан, минатата недела до премиерите на државите од овој регион упати иницијатива за обезбедување непречено движење на лица низ регионот, кога е тоа потребно, за деловни цели или за испраќање работници за извршување определени работи во некоја од другите држави од регионот, односно предлог за воспоставување на т.н. „зелени ленти“ за непречено движење на овие лица низ регионот на Западен Балкан, кои би се применувале без оглед на можното влошување на епидемиолошката состојба во земјите од регионот во периодот што претстои. Ваквиот предлог би претставувал надоврзување на моделот за „зелените ленти“ за приоритетно движење на суштинските добра (храна, медицинска опрема и медицински средства) низ регионот на Западен Балкан, кој се применува од средината на април и кој покажа многу позитивни резултати во однос на обезбедувањето непречено снабдување со стока, истакна Штерјова-Душковска

Во регионот на Западен Балкан има околу 350.000 фирми чие работење зависи од непречено минување на државните граници.

Сподели!
- Advertisement -