Брејнстер во финална селекција за престижната World summit Awards

- Advertisement -

„Партнерства за учење и вработувања“ е во конкуренција со најиновативните едукативни решенија од целиот свет

Едукативното решение на Брејнстер „Партнерства за учење и вработувања“ (Learning and Hiring Partnerships) влезе во финалната селекција за престижната World summit Awards (WSA) како најдобро национално дигитално решение во делот на едукација. Оваа престижна награда е глобална иницијатива во рамките на Светскиот самит на Обединетите нации за информатичко општество (WSIS) и е директно поврзана со Целите за оддржлив развој на Обединетите Нации.

Наградата ги става во фокусот иновативните дигитални решенија кои ја користат ИКТ технологијата за надминување на јазовите во општеството. Критериумите според кои се избираат кандидатите за наградата се поттикнување на равојот на глобалното општество базирано на знаење, базирано на иновација, дигитални решенија и диверзитет.

- Advertisement -

„Ова признание е доказ дека моделот за учење и вработување за кој вложивме сѐ од себе да го поставиме во овие пет години не само што дава резултати, туку е и признат како успешен во светски рамки. Бројките зборуваат сами по себе – над 70% од студентите кои поминале низ нашите програми имаат најдено ново вработување, а голем дел од нив добија унапредување во рамки на својата професија. Горди сме што Брејнстер е препознат како едукативна институција која не само што ги следи, туку е и директен придонесувач кон глобалните трендови во образованието“, изјави Петар Ниновски, основачот на Брејнстер.

„Learning and Hiring Partnerships“ е основата на работењето на Брејнстер. Преку воспоставување партнерства со компаниите студентите добиваат можност да работат на реални проекти додека учат и полесно да дојдат до квалитетно вработување.

- Advertisement -

Во следниот период жирито ќе разгледува 80 номинации во последната селекција од WSA, меѓу кои е и Брејнстер, а на крај ќе бидат одбрани 5 победници од секоја категорија. Ова е единствениот настан за ИКТ ширум светот, кој ги истакнува дигиталните содржини кои го подобруваат општеството и се фокусираат на локални содржини со глобална важност.

Сподели!
- Advertisement -